Компанијата за мебел НИКОВ Веќе две децении професионално и одговорно произведува и проектира секаков вид ентериери соединувајки ги луксузот и економичноста како формула за својот препознатлив стил. Основана е 1991 година во Струмица трансформирајки се од маалска во модерна корпорација во пресрет на новите стандарди за квалитет и естетика. Сега фирмата работи со сопствен производствен погон и два изложбени салони во Струмица и Скопје каде се регрутирани екипа специјалисти одговорни за обработка и крајниот изглед на мебелот. Готовите производи се изложуваат и во бројни изложбени салони во земјата и надвор, а соработка со реномирани имиња од дрвопреработувачката област е уште една потврда за високото ниво на работа во НИКОВ. Производствената линија покрива широк спектар на мек мебел,кујни, спални и детски гарнитури и разни комоди и секции од масивно дрво со и без резба. Покрај веќе постојните понуди ,примамлива е и можноста за израаботка на мебел по порачка со единствена цел – задоволување на желбите и потребите на клиентите. Врз таа разновидност на парчиња мебел, видлив е беспрекорниот дизајн кој е во согласност со најмодерните трендови и во чекор со сите новитети наспроти покласичните модели како репер за традиција. Ова искомбинирано со грижливо избраниот квалитетен матерјал резултира со бројните признанија што НИКОВ ги има добиено и на саемите за мебел во земјата и странство на кои редовно учествува во трка за челното место.